Бременоста (особено првата) е незаборавен период на една една жена. А незаборавните моменти треба да забележат и вечно да бидат дел од сеќавањата. Како на поинаков начин ако не преку фотографија?
Пронајдете ги омилени пози, места, гардероба и сликај те се во различни периоди од вашата бременост. Ќе биде интересно да се видете себеси како се менувате во текот на бременоста, не ги пропуштајте тие моменти, уживајте во бременоста и овековечете ја Вашата блажена состојба.
Погледнете неколку начини како да го овековечите Вашиот најголем успех…
Смислете ја својата „профил“ фотографија
Одберете некоја женствена положба, слична на примерот, која покасно може да го краси и Вашиот дом. Размислете да ангажирате и професионален Фотограф и стилист за ваков посебен момент.

Големината на бебето низ различни фигури
На симпатичен начин покажете ја големината на Вашето бебе. Сликајте го стомакот со секојдневни работи која ја доловуваат големината на Вашето најмило.

Пишувајте дневник и фотографирајте се
Пишувајте дневник, неделно, дневно,( како Вие сакате ) и секое пишување нека го надополнува слика од тој момент. Многу интересно и забавно кога неколку месеци по бременоста си причитате како сте се чувствувале кога сте биле бремени. Разликата ќе Ве зачуди и импресионира!!!

Пред и потоа
Направете една фотографија за време на бременоста искористете ја истата облека и истата поза заедно со Вашето бебе. Прекрасен пред и потоа спомен.

Три фази
Забележите ги важните моменти од бременоста: две цртички, стомаче и после бременоста. Држете се до истите детали, местото, позите и ќе добиете фантастични фотографии.

Првата играчка на Вашето бебе
Можеби сте од оние кои нема да купат ништо од играчки пред породувањето, но слатко е да имате некоја интересна играчка. Додадете носталгичен ефект со црно бела техника на фотографирање .

Силуета
Фотографијата на вашата силуета за време на бременоста е фотографија која морате да ја имате, дури и да се насликате доколку ја сакате да цртате.

Панделка на стомакот
Симпатична слика со панделка, која одговара на моментот „поклон на љубовта“.

