Убавина

Идеи за фризура и шминка за црвенокоси девојки

Црвената боја е многу популарна ова лето, а веројатно овој тренд ќе продолжи и следната есен.

За да ја одредите бојата која ви одговара важно е да знаете на кој тип црвенокоса девојка припаѓате: бакарно црвена, виолетово црвена или црвено црвена. Природните црвенокоси девојки обично се бакарно црвени, а виолетово црвени и живописно црвени не се појавуваат по природен пат.

Со неутрална шминка не може да се погреши. Кафена сенка и црна маскара, одлично ќе ви одговараат. Освен кафени, зелени тонови на сенка добро се вклопуваат на црвенокосите девојки, а за малку понападен изглед одлучете се за металик нијанси.

Карминот и руменилото ќе ги прилагодите во зависност од типот на косата. Портокаловите нијанси за бакарно црвени, а розовите за виолетово црвените девојки.

Напиши коментар