Ако сакате на својот балкон или тераса да му вдахнете малку цветни, пролетни бои, крајно време е тоа да го сторите. Се што ви е потребно а тоа се саксии по желба и вкус, земја,растенија и идеи, а ние ќе ви понудиме некои од нив.
Како сликарското платно кои ги чека боите, така и празните саксии можат да станат се што ќе посакате – смирување во виолетовата, карневал во портокаловата и тивка оаза од различни листови со различна текстура и облици. Сите комбинации се можни и добредојдени.
Направете своја оаза !!!
За да го внесете здивот на пролетта во вашиот дом, аранжирајте неколку видови на растенија во саксии – слој по слој.
Почнете со изборот на цвеќето, а потоа одберете ги саксиите кои ќе ја следат замислената тема.
Во галеријата ви нудиме фотографии и можни убави решенија, а вие потоа фрлете са на работа!