ШоуБиз

Iker Casillas стапнува на лудот камен!

Капитенот на Реал Мадрид, Iker Casillas ќе се венча во јули со својата долгогодишна девојка Sara Carbonero.

Парот стана популарен и надвор од границите на Шпанија пред две години за време на светското првенство во фудбал во Јужна Африка од каде Sara известуваше како новинарка. По финалниот натпревар во кој Шпанија ја совлада Холандија, Casillas страсно ја бакнал својата девојка која во тој момент се обидувала да му земе изјава во директен пренос за својата телевизија.

Се очекува по Европското првенство во Полска и Украина, парот да го изговори судбоносното „да“. Сеуште не се познати точниот датум и место каде ќе се одржи свадбата. Наводно, досега Sara веќе неколку пати добивала понуда за брак и дури сега конечно прифатила.

Напиши коментар