Неверојатно чуден лик…
Trent Arseno, е еден од најконтроверзните личности во светот. Имено овој 36 годишен човек тврди дека е сеуште невин, а во исто време е „татко“ на 14 деца и уште 4 кои се на пат.
Arseno пред неколку месеци беше на удар на Американската агенција за храна и лекови поради неговата приватна банка за сперма, со чија помош овој чуден човек им помогнал на голем број парови да добијат деца.
Вкупно 50 парови ширум светот побарале негова сперма, и до ден денес 14 пати станал „татко“.
„ Донор е сексуален поим, а тоа значи дека 100 проценти од мојата сексуална енергија, ја насочувам кон производство на сперма, која им помага на паровите без деца за да го прошират своето семејство. Затоа ги избегнувам сите активности на полето на сексот. Спермата не ја наплаќам, единствена мотивација е да им помогнам на луѓето да станат родители. Планирам да го правам тоа до мојата 40 година па што биде нека биде “ – појаснува овој невообичаен лик.