Убавина

Имајте совршена кожа без да потрошите многу пари

Негата на кожата е една од најважните работи ако сакате да имате убава и здрава кожа. Здравата исхрана, сонот и животот без стресови се останатите фактори. Што се однесува на негата на кожата не е потребо да трошите многу пари, ефектот може да го постигнете и на поевтин начин. Ова се намирниците кои ви се од корист:

Оцет

Уште од многу оддамна јаболковиот оцет се користел како средство за убавина. Него го користела и Елена Тројанска… а еве го рецептот: најпрво измијте го лицето со млака вода. Потоа направете раствор од две лажици јаболков оцет со две шолји вода. Мијте го лицето со оваа течност и убаво исчистете се со памук. На овој начин ќе ја тонизирате кожата на лицето.

Млеко

Направете си луксузна маска за лице од млеко во прав и вода. Количините се во зависност од количината на маска која ви е потребна, важно е само со мешањето на состојките да добиете густа смеса која ќе се залепи на лицето. По оваа маска вашето лице ќе изгледа подмладено.

Мајонез

Смирете ја кожата на лицето од било каква иритација. Доволно е само да ставите дебел слој од ладен мајонез и да се опуштите.

Сенф

Користете благ сенф за да го избегнете пецкањето на кожата на лицето. Ставете тенок слој и оставете нека се исуши. Потоа измијте се со млака вода. По оваа маска кожата ќе биде мека и затегната.

Напиши коментар