Здраво тело

Имате покачен холестерол? Јадете кокос!

Кокосот е јужно овошје кое има широка примена во медицината и производствените компании за нега и убавина. Не е дефинитивно утврдено дали кокосот потекнува од Јужна Америка или пак од Јужна Африка, но денес го има во секоја тропска земја.

Доколку имате проблем со покачено ниво на холестеролот треба да консумирате кокос. За да ги постигнете брзо саканите ефекти јадете кокосово масло, кое е најдобро да биде органско.

Тоа може да ви помогне и доколку имате бавен метаболизам. Доволно е да јадете по една лажичка на гладно, и за неколку дена ќе ги почувствувате првите ефекти. Кокосовото масло содржи киселина која го забрзува метаболизмот, ги намалува стомачните тегоби и ја регулира столицата.

Освен за здравјето, кокосовото масло е одличен сојузник за убавината. Тоа е маслото кое и е најмногу потребно на кожата.

Напиши коментар