Убавина

Имате во план да ослабете? Ова се пијалоците кои ќе ви помогнат

Кога практикувате некој режим на исхрана често се случува да се внимава на храната која се внесува, а на течностите се заборава. Но имајте во предвид дека некои од пијалоците може да ви помогнат да ослабете. Ова се тие магични пијалоци:

Вода

Чаша вода пред секој оброк ќе ви даде чувство на ситост, па ќе ја намалите реланата потребна количина на храна. Водата во голема количина го забрзува метаболизмот. Осум до десет чаши ледено ладна вода во текот на денот може да согори од 250 до 500 калории.

Сок од зеленчук

Најдобро е да направите фрапе од зелен лиснат зеленчук и краставица. Овој пијалок ќе ви ја намали потребата од храна, а при тоа ќе внесете доволна количина на витамини и минерали.

Зелен чај

Три шолји зелен чај во денот може да ви согорат 35 до 40% од масното ткиво и без физичка активност.

Јогурт

Јогуртот заситува, го намалува апетитот и ги топи калориите. Практикувајте го во секојдневната исхрана.

Кокосово млеко

Ова е “тајниот” пијалок на многу познати ѕвезди. Тие практикуваат кокосово млеко за да го одржат своето тело во топ форма.

Напиши коментар