Дестинации

Импресивно: Најдолгата и највисока дрвена патека во светот !!!

Отворена пред две години во Neuschonau, Баварија, дрвената патека од ден на ден привлекува сé поголем број туристи, кои доаѓаат да се „ поклонат “ на ова чудо, долго 1300 метри, кое се наоѓа на висина од 25 метри.

Патеката завршува со овален објект, висок 44 метри. Неговата структура е навистина специфична и интересна. Станува збор за спирални скалила кои додека се качувате, односно симнувате, овозможуваат спектакуларен поглед на целата околина која Ве опкружува. Ова место кое се наоѓа во „прегратките“ на Баварскиот национален парк, е најзаштитениот шумски простор во Европа.

Движењето по патеката, започнува со возење со лифт кој ќе Ве искачи до билет кабината, која се наоѓа 8 метри над паркингот. Како што прошетката започнува, така почнуваат чудесните средби со прекрасната борова шума, од поинаква перспектива. Во текот на оваа прошетка, поставени се и неколку „ станици за авантура “ кои вклучуваат тесни дрвени штици кои се целосно оградени со безбедносни мрежи и овозможуваат преубава глетка, на висина од 25 метри. Завршниот објект, кој го означува крајот на прошетката, џиновското јајце е кулминацијата која Ве предизвикува да ја освоите…

И да имате прошетка за паметење !!!

Напиши коментар