ШоуБиз

“Инцестуозната” двојка ги истетовирале иницијалите на покојната мајка!

Ќерката на починатата Витни Хјустон, Боби Кристина Браун, на денот кога нејзината мајка би наполнила 49 години, ги истетовирала нејзините иницијали на рака.

Истата тетоважа на зглобот, во знак на сеќавање, ја направил и Ник Гордон  кој Витни Хјустон го посвоила, и кој од нејзината смрт е во врска со својата полусеестра Боби. Двојката тврди дека врската не е инцестуозна, бидејќи не се во крвно поврзани, па така без проблем живеат заедно и ги делат сеќавањата на починатата пејачка легенда.

“Сега си засекогаш со нас, мамичке, те сакаме”, напишала Боби на Твитер со објавена фотографија од истетовираните инзицијали од покојната мајка.

Се шпекулира дека Витни знаела за нивните меѓусебни симпатии, меѓутоа нивната врска испловила на површина дури по нејзината смрт.

Write A Comment