Sweet Home

Иновативен дрвен текстил

Кога ќе ја погледнете галеријава, ќе помислите дека станува збор за хартија… но во суштина, станува збор за вистинско дрво…

Овие неверојатни парчиња се дизајн на  Elysa Strozyk, млада дизајнерка од Германија, која е во состојба цели дрвени блокови да ги претвори во деликатен материјал…

До сега, младата дизајнерка има изработено дрвено ќебе, постелнини, чаршафи за маса, а работи и на линија за долна облека. Elysa Strozyk ги истражувала начините со кои дрвото ќе добие текстилни својства, притоа тестирајќи ги методите со кои дрвото ќе го направи пофлексибилно и помеко или да го комбинира со текстилни елементи.

Еден од процесите д а се создаде флексибилна дрвена површина е нејзината деконструкција на парчиња, кои потоа се лепат на текстилна база. Дрвото се сече со ласер или рачно, а плочките се спојуваат рачно, за да се создаде површина со налик на текстил…

Напиши коментар