Прозорците и балконите стануваат омилени, со самото качување на температурите. Сте верувале ли дека сега за многу кратко време Вашиот прозорец може да се претвори во балкон ?
Bloomframe е иновативен прозорец, дизајниран од страна на Hofman Dujardin Architects. Истиот, лесно и практично може да биде претворен во балкон.
Со самото отварање на прозорецот се дава можност да излезете надвор и да уживате во надворешниот простор. Едноставни движења, светлина, воздух и простор се додадени на целиот ентериер кој компактно дава нов, компактен производ со двојна намена, кој е потребен во секое домаќинство.
Балконот може да биде инсталиран во нов, веќе изграден објект.
Бидете сведоци на овој иновативен проект кој ќе донесе и уникатен изглед, но и практична примена во Вашиот дом.



httpv://www.youtube.com/watch?v=UrVuJ7WXvQU&
