Bridal

Инспиративна колекција на венчаници од Ст. Пучи

Со секоја нова сезона дизајнерската куќа Ст. Пучи не престанува да се надминува со своите гламурозни креации кои зрачат со убавина и елеганција. Невестинските фустани на Ст. Пучи се иновативни и носат свежина, но се со постојан квалитет и неверојатно посветени на деталите.

Најпознатата колекција венчаници на Ст. Пучи за оваа сезона е колекцијата Signature and Haute Couture, која вклучува рачно изработени детали и прекрасни фустани за невести со беспрекорни стандарди. Колекцијата на венчаници на Ст. Пучи кои зрачат со софистицираност, но и инвентивност е секако колекцијата Avine Perucci, во која ќе најдете венчаници со модерен изглед. Колекцијата Sposa е наменета за помладите невести кои сакаат интересни и посвежи креации со достапни цени.

 

Напиши коментар