Желбата за мирно, тивко, а сепак убаво место за живеење, е нашиот најголем сон…
Најчесто, во одговорот за куќа за која сме мечтаеле цел живот, се крие куќа која се наоѓа на некој брег. Куќа во која брановите ќе бидат наши соседи, а природата, наш добредојден гостин…
Ви претставуваме прилично необична куќа на брег, која се наоѓа на брегот на Квинсленд, Австралија !
Drew House е дизајнирана од страна на архитектот Simon Laws од студиото Antill Constructions. Оваа куќа за одмор, има за цел да биде некој вид луксузна камп куќичка.
Монтажната параболична структура и терасите се подигнати на лице место и ги поврзуваат различните области со голем централен двор. Префинетиот мебел и необичната изведба на ентериерот, со примеси на минимализмот, се дополнителен мотив, за ваков тип на дом да стане совршено место за живеење…
Погледнете зошто…











