Прекрасни снежно бели венчаници од пролетната колекција на Рем Акра, бренд кој дефинитивно е меѓу најдобрите во светот на свадбената модна индустрија.
Станува збор за венчаници кои имаат лелеав и нежен изглед, кои на секоја невеста ќе и дадат изглед како на самовила. Овие венчаници ќе ви прилегаат доколку сакате нежност и романтика за вашата свадба, а сте поборници на традиционалните бели венчавки.











