Кој вели дека западот и ориентот немаат ништо заедничко? Познатата јапонска куќа Хисако Такајама Кутур Мезон реши да докаже дека сплетот на источната и западната традиција, особено коа станува збор за невестинските фустани, може да биде вистински погодок.
Колекцијата се состои од фустани наменети за западните и за источните традиционални венчавки, но она што ја прави оваа колекција уникатна е фактот дека во секоја венчаница ќе најдете детали кои ги претставуваат и двете, навидум толку различни култури.
Креациите на Хисако Мезон се направени за да го заволат вкусот на оние невести кои го сакаат раскошот, гламурот, но и традицијата и разиграноста на невестинските фустани.