Мода

Интересни чанти во облик на книги

Познатите личности, едноставно полудеа по новите чанти од Олимпија Ле-Тан.

Чантите во облик на книга станаа вистински хит за многу краток временски период, а се дело на досега малку познатата француска дизајнерка Олимпија Ле-Тан. Овие торби се рачно изработени и нивниот број е ограничен.

„Обожавам книги, особено ги сакам оние кои имаат прекрасни корици. Отсекогаш сум ги сакала и оние лажни книги во кои може нешто да скриете, кои ми послужија како инспирација за мојата колекција“ вели дизајнерката.

Нејзините чанти-книги се навистина ексклузивни и ги има во мал број, па засега се привилегија само на познатите и богатите. Овие чанти веќе се најдоа во рацете на Натали Портман, Тилда Свинтон и Мишел Вилијамс… Ние останува да си почекаме некоја копија.

 

Напиши коментар