Bridal

Интересни цветови за ревери за младоженецот и останатите сватови

Најчесто невестата е онаа која го избира бидермаерот, а цвеќињата кое се закачуваат на реверите на младоженецот и останатите сватови се изработуваат за да одговараат на бидермаерот. Традицијата на носење цвеќе на реверот започнува уште од 16тиот век, кога се сметало дека цвеќето ќе го чува младоженецот од зло, лоша миризба и болест.

Низ историјата цвеќето на реверот станало симбол на елеганција и било дел од секојдневната облека на мажите, но по некое време оваа традиција исчезнала и се задржала само за свадбите. Според едно друго верување, цвеќето на реверот потекнува уште од средниот век, кога витезите носеле цвеќе направено од марамче кое им го дала нивната љубена. Тогаш цвеќето било симбол на љубов, како што и во денешно време е симбол на љубовта помеѓу младенците.

Цвеќето секогаш се носи на левата страна врз срцето, а служи и за да го вклопи млаоженецот во целиот амбиент на свадбата. Еве ви неколку интересни дизајни кои ќе ви послужат како испирација за вашата свадба:

 

Напиши коментар