Sweet Home

Интересни детали за вашата спална соба

Топлото време некако нé тера да направиме промена на сé она што ни здосадило од зимскиот период. Сега е време на промени. Ако дојдовте до идеја да ја преуредите спалната соба имаме неколку интересни предлози за вас.

Обојте ги ѕидовите со светло сина боја. Креветот “украсете” го со еден држаш на кој ќе прикачите платно со бели-сини линии.

Што викате за еден пролетен “цртеж” на еден од ѕидовите? Пролетни цвеќиња, птици, пеперутки… романтично и убаво за женската соба.

Одберете добро парче материјал со дезен кој ви се допаѓа. Со него претапацирајте ја фотелјата. Направете параван кој ќе го обложите со истиот материјал. Од него може да направите и карнери за вашиот кревет. Ќе добиете преубава соба.

Ова е убав предлог за женска соба. Ставете тапети со црвени цветови (или друга боја по ваш избор), но запазете во таа боја да имате и други детали како на пример перничиња, детали на завесите…

Кревет и постелнина во една боја. Одберете го вашиот омилен дезен и материјал. Од него направете постелнина и истапацирајте го креветот.

Напиши коментар