Art & Crafts

Интересни идеи каде да ги употребите чепкалките за заби

Чепкалките за заби или кај народот попознати како „чачкалици“ , обично се употребуваат после јадење, но овие мали тенки дрвца можат да имаат огромна примена во многу домаќински работи, па и во уметноста. Пред Вас се неколку интересни идеи како да ги искористите чепкалките за заби за нешто друго освен за чистење на забите.

Одлични алатки за фарбање на ситни оштетувања на вашиот мебел.

Едноставна и ефикасна помош за лепење на ситни фигури и статуи.

Одлична помош кога шиете копчиња. Ткаенината и копчето спојте ги со помош на чепкалка за да не се изместуваат додека шиете.

Да го означите почетокот на селотејп траката.

За чистење на четката за коса со едноставно извлекување на влакната.

Потопете ја чепкалката во алкохол и исчистете ги ситните пукнатини и превои на мебелот или белата техника.

Извадете ја собраната нечистотија од вашиот телефон, тастатура ….

За чистење на ноктите по завршување на нечиста работа во градината

Може да ви помогнат при престанување со пушење. Ставете една чепкалка во уста секој пат кога ќе посакате да запалите цигара.

Одбележете ја страната на книгата до која сте стигнале со читање

Можат да служат како тенко моливче за исцртување на шлагот при украсување на торта.

Напиши коментар