Bridal

Интересни манжетни за идните младоженци

Да, невестите се секогаш во центарот на вниманието на свадбите, но тоа не значи дека младоженците треба да ја занемарат модата и елеганцијата и да влезат во втор план.

Овој пат решивме да им посветиме внимание на младоженците, односно на еден од најважните модни додатоци на нивниот стајлинг, а тоа се манжетните.

Манжетни се копчиња кои се користат како украси со кои се закопчуваат ракавите на кошулата. Манжетните на свадбата би требало да бидат во тон со целата свадбена церемонија, со стилот на невестата и на младоженецот.

Доколку сакате безвременска елеганција изберете манжетни во круг, правоаголник или квадрат во црни и сребрени нијанси. Доколку сакате нешто необично, за вас одличен избор се манжетни во некоја впечатлива боја или необична форма. Погледнете ја оваа интересна колекција на манжетни која ќе ви помогне да го пронајдете она што ви треба за вашата свадба:

 

 

Напиши коментар