Sweet Home

Интересни предлози за промена во вашиот дом

На секој од нас му се потребни промени. Без разлика дали се однесува на имиџот, на облеката, стајлингот или пак на изгледот на домот. Доколку сте решени да воведете нешто ново, ние ќе ви дадеме неколку едноставни предлози како да воведете новина во домот.

Направете си меко чергиче за во бањата

а ова вие потребно: рабис( мрежа која се користи за фасади) и дебели памучни врвки во саканата боја. На секое дупче од мрежата вметнете од дебелата врвка и врзете чвор. Тоа направете го во секоја дупка. На крајот ќе добиете мека чергичка.

Стариот велосипед може да ви се најде во бањата. Старото направете го ново. Ставете го во позиција под мијалникот, и корпата од велосипедот нека ви послужи како држач за пешкири.

Старите куфери може да ви послужат како шкафчиња. Наредете ги од најголемо кон најмало. Во секој од куферите може да си ги чувате работите кои ви се потребни. Интересна идеја за новина во вашиот дом.

Нова полица во бањата – потребна ви се само голема крошна. Врзете и голема дебела панделка и закачета ја држач. Во неа може да ставате пешкири, или некои други потребни ситници за во бањата.

 

Напиши коментар