Prison brake

Инвазија на Марсовци која што го исплаши светот

“Војна на световите” е радио адаптацијата на познатиот роман на Х. Г. Велс, со Орсон Велс, која во текот на Ноќта на вештерките, како специјалното издание се емитуваше на 30 октомври 1938 година. Адаптацијата беше толку убедлива што многу слушатели помислија дека станува збор за вистинска инвазија на Марсовци. Беше прогласен за еден од “најголемите медиумски измама на сите времиња”, иако тоа не беше еден и единствен. “Дневните весници објавија паника, луѓето ги напуштаат своите домови, додека други се сведоци на борбите.

Неколку луѓе, наводно, побрзаа да ги видат ’случувањата’ во Њу Џерси, вклучувајќи и неколку научници од Универзитетот Пристон” – ова се само некои од речениците на Орсон Велс кој ги изјави во емисијата што одеше во живо, а кои всушност смртно ги испаничија луѓето. Сепак, интересно е дека и покрај тоа оваа емисија подоцна стекна огромна популарност иако неколку години подоцна повторно предизвикуваше слични паники. Во 1944 година, емитувањето во Чиле предизвика масовна паника, со мобилизација на војници од страна на гувернерот. На 12 февруари 1949 емисијата се емитуваше во Кито, Еквадор и создаде паника кај десетици илјади слушатели. Меѓутоа, кога дознаа за измама, разлутените слушатели ја запалија радио станица и канцелариите. Во тој настан загинаа дваесет луѓе.

Write A Comment