ШоуБиз

Ирина да не си ја утнала малку комбинацијата?

Сигурно е тешко да функционираш кога дечко ти скоро цело време е во Шпанија, а ти имаш работни обврски во Њујорк. И моделот Ирина Шајк се соочува со слична мака, па решила со својата другарка Џесика Вајт (27) да се опушти на кошаркарски меч. Можеби цело време го имала на ум својот свршеник.

На мечот, скоро сите очи биле вперени во нив, додека тие две се сликале со телефонот на Џесика и правеле секси фаци. Веднаш потоа, Џесика постирала една од фотките на својот Твитер профил, а под неа напишала „Јас и мојата најдобра пријателка, прекрасната Ирина“.

Што се однесува до облеката која Ирина ја носела на мечот, искрено повеќе одговара за ноќно излегување, но во секој случај игледа совршено.

Напиши коментар