Додека светски познатиот фудбалер Christiano Ronaldo лавовски се подготвува и бори на фудбалските терени, неговата згодна девојка Irina Shаyk се шета низ Лондон и Москва.
Убавицата е видена како се забавува со едно друштво во главниот град на Русија, а потоа отпатувала за Лондон каде имала за цел да ја промовира новата линија на брендот за долна облека „Intimissimi“.
Во меѓувреме, како што сите знаеме се водеше тешка битка за тоа дали тимот на Ronaldo ќе влезе во финалето на Лигата на шампиони. За несреќа на сите фанови на Реал, тоа не се случи.
Како и да е, Irina очигледно воопшто не се замара со врвните настапи на својот дечко.



