Убавина

Исчистете ја кожата со домашни и евтини маски

Ако сакате да имате убава и мазна кожа, треба да ја исчистите од мртвиот слој на клетки и да ја оставите слободно да диши.

Направете тоник од јогурт:

Измешајте една лажица масло од сусам, сок од половина лимон и шолја јогурт. Со оваа смеса исчистете ја кожата, а потоа истуширајте се.

Ако сакате да и ја вратите влажноста на кожата за многу кратко време:

Измешајте 2 изрендани моркови со 2 лажици мајонез. Ставете ја маската на лице и оставете нека делува 15 минути.

Слатка маска од банана:

Испасирајте една банана, ставете 2 лажици мед и една жолчка. Маската нанесете ја на лицето, вратот и деколтето и оставете нека делува. Измијте се со топла вода.

По овие третмани кожата ќе биде чиста, снабдена со витамини и здрава.

Write A Comment