Убавина

Исхраната влијае на здравјето на косата

За да имате прекрасна коса, освен правилната и постојана нега и редовните посети на вашиот фризер, треба и да внимавате што јадете, затоа што исхраната има огромна улога во квалитетот и убавината на вашата коса. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да имате убава и здрава коса:

Витамин Б: Овој витамин ја заштитува косата и помага при нејзиниот раст. Може да го најдете во гравот, леќата, грашокот, јајцата, карфиолот, морковот, бразилскте лешници.

Омега 3 масни киселини: Храна богата со Омега 3го подобрува квалитетот на косата. Конзумирајте лосос или сардини и други видови морска риба, а секако тука спаѓааат и бадемите, лешниците и другите јаткасти плодови.

Авокадо: Авокадото може да го неутрализира дихидростестеронот кој ги спречува фоликулите на косата да стигнат до саканата цел. Јадете го сирово или како пире.

Железо: Ослабнувањето на влакното на косата е знак дека има недостиг на железо во организмот. Спанаќот е најголем содржател на железо, исто така тука може да се вбројат и јајцата, зрнеста храна и сувото овошје. Од време на време конзумирајте и телешки џигер кој исто така е богат со железо.

Протеини. Протеините и помагаат на косата побрзо да расте и да остане здрава и цврста. Ако конзумирате протеини, ќе имате сјајна и бујна коса.

Напиши коментар