Здраво тело

Искористете ја бананата до крај!

Сигурно не знаевте за што сé може да ја искористите бананата. Погледнете за што сé може да ви помогне:

Лушпата од бананата може да ви помогне за

Да ги намалите акните

Докажано е дека внатрешната страна на лушпата на бананата има антибиотичко дејство. Пред спиење убаво исчистете го лицето, па истријте ги критичните делови со внатрешната страна на лушпата и легнете. Измијте се утрото.

Смирете ја воспалената кожа по убод од инсект

Ако ве касне комарец или ако се допрете до коприва истријте се со внатрешната страна на лушпата.

Отстранете го трнчето

Заборавете на иглите. Залепете со фластер едно парче од лушпата на зрела банана, со внатрешната страна на кожата. Таа ќе го извлече трнчето.

Решете се од брадавиците

Истото што треба да се прави за трнечто правете го и ако имате брадавици. Правете го тоа редовно секоја вечер. По неколку дена тие ќе исчезнат.

 

Напиши коментар