Bridal

Island Bridal со колекција венчаници во многу бои

Дизајнерската модна куќа за венчаници Island Bridal за претстојната сезона пролет/лето 2012 понуди навистина интересна и по малку необична колекција на венчаници.

Венчаниците се во разигран стил и многу бои, а наликуваат на балските фустани од 18 век. Тие се наменети за невести кои не сакаат традиционален изглед, но сакаат да изгледаат гламурозно и романтично.

Со многу карнери, додатоци, светки, бисерчиња и монистри, оваа колекција навистина нуди венчаници со раскошна убавина.

Напиши коментар