Убавина

Истакнете ја бојата на вашите очи

Има еден податок кој вели дека 80% од луѓето во светот имаат кафени очи. Остатокот од 20% имаат сини или зелени. Каква и да е бојата на вашите очи, треба да ја истакнете, а тоа може да го сторите со шминката.

Кафени очи

На кафените очи одговараат речиси сите бои на сенки. Но, боите кои најмногу ќе ви ја истакнат бојата на очите и најмногу ќе ви одговараат се зелените и бакарните тонови. За дневните излегувања користете светло кафени, бакарни па и портокалови тонови на сенки за очи. За вечерните излегувања употребете ги темно зелените сенки за очи.

Сини очи

За да ја истакнете убавата боја на вашите очи најпрво треба да ги исцртате со црно моливче. Така ќе му дадете длабочина и мистика на вашиот поглед. Користете маслинасти и зелени тонови. Сивите и црните сенки оставете ги за вечерните излегувања.

Зелени очи

На зелените очи одлично им прилега виолетовата во сите нијанси, сивата, сината и кафената боја. Може да играте со неколку бои во исто време. Вашите очи ќе блеснат.

Напиши коментар