Дестинации

Истанбул – градот во кој 1001 ноќ Ви се премалку…

Најголемиот град во Република Турција се наоѓа на брегот на Босфорот и Мраморното море…

Овој импозантен град, единствен на светот подигнат на два континенти, опкружен со Босфорот на Исток, водите на заливот Златен Рог на Север  и Мраморното море на Југ и има површина од 5.712 километри квадратни.

Истанбул се дели на стариот град, централен дел, модерен Истанбул и азиски дел. До стариот дел се стигнува преку мостот Галата, на заливот Златен Рог. Од мостот се овозможува прекрасна глетка на азискиот брег и светилникот на Мраморното море. Она што го краси овој дел и што секако би требало да го посетите е хиподромот, Сината џамија, музејот на турската и исламска уметност, Света Софија, палатата Топ Капи, музејот мозаик, харемот…

Централниот дел во добата на стара Византија бил главна улица на кралската престолнина, а денес е важна сообраќајница. Модерниот дел се простира западно од заливот Златен Рог. Тој е деловен дел од градот, со голем број хотели, булевари, трговски квартови и луксузни продавници.По прогласувањето на турската република, овој дел почна да добива сосем нов лик. На брегот пак, кој припаѓа на азискиот континент, поминува Босфорскиот мост долг 1.074 и висок 64 метри. Истанбулскиот аеротром Ататурк е  воздушен пат поврзан со сите светски метрополи и главни градови. Парична единица е турската лира.

Доколку сакате да се уверите во приказната за 1001 ноќ, ќе мора тоа да го сторите лично…

Подгответе се за најубавата бајка – Истанбул !!!

Write A Comment