Blue Ivy Carter ќе биде една од најсреќните девојки кога ќе порасне. Не само поради тоа што е ќерка на Beyonce и Jay Z, туку малата според зборовите на таткото, ќе добива што и да посака.
– Претпоставувам дека ќе се послужам со советите на мајка ми и со одгледувањето на внуците, па тоа ќе го применам и на Ivy, – изјавил раперот.
– Но, на крај знам дека ќе го имам најразгаленото дете на сите времиња.
Jay Z е свесен дека има моменти кога и најразгалените деца можат да ги мразат родителите.
– Сите мислат дека ќе бидат супер татковци сѐ додека нивните деца не станат тинејџери. Тогаш ќе ти кажат „Бегај бе, тато. Ме срамиш“, – се смее раперот.