Убавина

Изберете чевли според обликот на Вашето тело !!!

Кога станува збор за обувките, многу е важно да се земе во обѕир фактот колку одредени чевли ви прилегаат, отколку да ги бирате оние кои припаѓаат  на најновите модни трендови. Некои чевли изгледаат прекрасно кога се на полиците, или пак кога ги носат манекенките на модните писти, но на вас ќе го истакнат токму тоа што вие сакате да го сокриете. Затоа треба секогаш да одбирате чевли кои ќе прилегат на вашето тело.

Ако сте ниски и слаби… Би требало да носете чевли со штикла или пак со висока платформа, но не купувајте ги тие кои имаат ременче околу глуждот. Класичните салионки наубаво ќе ви прилегат бидејќи на тој начин нема да ја прекинете линијата на ногата од стопалото па нагоре. Одбирајте чевли со заоблен врв, а ако повеќе ви се бендисуваат рамни чевли, балетанките се прекрасен избор, но секогаш носете ги со фустани кои имаат должина до над колената, и со тоа ќе создадете илузија на подолги нозе.

Ако сте ниски и покрупни… Вам најдобро ќе ви прилегат класични салонки со високи штикли. Одбирајте ги оние со живи бои или со необични отпечатоци или детали кои ќе привлечат внимание на вашите стапала. Убав избор се и чевлите со отвор на прстите, а рамните сандали би требало да ги избегнувате, затоа што во нив вашите нозе ќе изгледаат уште покрупно.

Ако сте високи и слаби… Балетанките се совршен избор за вас. Бидејќ нозете и така веќе ви се долги, нема потреба за висока штикла, но оние дами кои сакаат да ги носат, треба да одбират елегантни сандали со ременчиња, а да избегнуваат  чевли со нагласен шпиц и преголема платформа.

Ако сте високи и крупни… Практично и не постојат чевли кои не би ви прилегале. Сандали со висока штикла и платформа кои го откриваат врвот  на прстите посебно ќе ги истакне вашите нозе. Стручњаците  препорачуваат и покрупни, потешки чевли до глуждот, но внимавајте штиклата да не биде премногу тенка. Балетанките и чевлите со мала штикла не се најдобар избор за вас.

Напиши коментар