← НАЗАД НА БОЗА

Изберете домашно милениче според хороскопскиот знак…

Изберете домашно милениче според хороскопскиот знак…
2022 Читања

Понекогаш, може да Ви е чудно, како и покрај фактот што сте „ прогласени “ за љубител на животните… едноставно не ги сакате мачките!!! Или пак, не можете да ја дознаете компатибилноста со животното, кое ќе стане нов член на семејството… а сакате !!!

Хороскопскиот знак е врска помеѓу Вас и Вашето милениче… Пред да направите „ животинско царство “, проверете кое животно, треба да стане дел од Вашиот живот:

Овен – Со оглед на Вашата динамичност и потребата за активност, најдобар избор би било кучето. Можете да чувате и папагал.

Бик – Важна Ви е чистотата, затоа најмногу би Ви одговарале мачките. Сепак, убаво ќе се согласувате и со мало кутренце, кое не е „ хиперактивно “.

Близнаци – Вашата природа ги сака нештата во пар. Не би Ви претставувало проблем доколку чувате миленичиња во пар. Ќе ја обожувате нивната игра.

Рак – Воден знак сте, па затоа она што најмногу Ви одговара се рибите. Исто така нема да погрешите доколку се одлучите за хрчак или морско прасе.

Лав –, Лавот е еволуција од мачката и одлично ја апсорбира нејзината енергија. Вие гордо уживате во елегантниот и  независен чекор на ова животно кога се движи во Вашиот дом.

Девица – Девиците најдобро би можеле да се справат со мали животни, за кои не е потребно да се обрне поголемо внимание.

Вага – Вашата дружељубивост одговара на карактерот на најголемиот човеков пријател – кучето… Изберете го за Ваше домашно милениче.

Скорпија – Верувале или не, не би било чудно доколку се одлучите за змија, пајак или некое егзотично животно. Тоа го бара самиот Ваш карактер.

Стрелец – Стрелците се премногу зафатени, но сепак флексибилни кон секое животно. Најголемиот дел од нив, обожуваат коњи.

Јарец – На луѓето родени во овој знак животните не им се нешто неопходно. Можеби добро би се снашле со големо куче кое ќе живее во дворот.

Водолија – Се фасцинирате од животни кои летаат. Птици, а и инсекти би биле одличен избор за Вас.

Риби – Аквариум преполн со шарени рипчиња  или мирно и мало животно би бил Вашиот совршен избор.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk