Мода

Изберете го најдоброто за 2013 – Just Cavalli resort

JUST CAVALLI resort, колекцијата за 2013 год.  е многу светла и младешка. Боите кои се најмногу застапени се: жолта, деликатно зелена и портокалова. Принтовите претставуваат комбинација на микс на што поупадлив начин, ( леопард во комбинација со цветни и геометриски принтови, односно сите три во едно). Овие комбинации прават необичен, но сепак хит дезен кој е исклучително модерен.

Здолништата и фустаните од оваа колекција се кратки или долги со голем засек. Пантолоните, кои се со богат дезен, се тесни и кратки, што значи дека најдобро ќе им прилегаат на девојките со супер долги и витки нозе. Маиците и сакоата се воглавно лабави и удобни, а често се совпаѓаат со долгите детали за се да изгледа совршено.

Деталите играат голема улога во JUST CAVALLI resort, колекцијата за 2013 година кои  допринесуваат оваа колекција да изгледа навистина посебно.

 

 

 

Напиши коментар