Убавина

Изберете ја нијансата и заведете! На кого каков кармин му одговара?

Со виолетов, розов или црвен кармин сигурно ќе бидете забележани. Само се поставува прашањето дали ќе ви се воодушевуваат или ќе ве гледаат како да не е нешто во ред со вас. Затоа проценете каков тип сте и каков кармин најмногу ви одговара.

Темно виолетов, и многу темно црвен кармин одговара на оние кои имаат многу светол, бел тен и нагласена екстраваганција. Овој кармин одговара на девојките со имиџ на бунтовничка, рокерка, девојки кои носат фармерки и кожни јакни.

Црвен кармин не е за секоја жена и не е за секоја прилика. Најсигурно е да го ставате на свечени прилики, но ако сте премногу млади поубаво и да не го користите. Црвениот кармин одлично им прилега на дамите.

Розовиот кармин не само што ќе ви ги истакне усните, туку и вие самите ќе бидете во центра на вниманието. Кога носите ваков кармин најдобро е остатокот од шминаката да биде дискретна, во спротивно ќе изгледате како Барби.

Напиши коментар