Во областа на фризурите и боите за коса има навистина многу новитети кои сметаме дека треба да ги знаете. Во однос на должината на косата апсолутен хит се фризурите со средна должина и кратките.
Хит боите на сезоната: темно виолетова, индиго боја, огнено црвена. Начесто се вадат само прамени во овие бои, не цела коса. Омбре ефектот е исто така многу влијателна тенденција – се исветлува само долниот дел од косата.
Повторно се носат шишки, на страна или равно ишишани. За љубителите на класиката тука се сите нијанси на кафеавата боја, медови и бакарни нијанси и русата коса – што е подеднакво добар избор сезонава.
























































