Сите жени сакаат да изгледаат помлади, некои од нив понекогаш се подвргнуваат на неверојатни третмани за тоа да го постигнат. Но, добрата вест е дека немора да направите ништо радикално за да од лицето избришете и до пет години. Со неколку совети, кои не подразбираат купување на скапи креми или посета на пластичен хирург, можете да изгледате неколку години помлади.
Светли прамени – Светлите нијанси ќе пружат на вашето лице помек, поприроден и помлад изглед. Не предлагаме од црна боја на косата да преминете на плава, но неколку прамени во потопли смеѓи нијанси или бија на мед сигурно ќе го освежи вашиот изглед.
Шишки – Ако одлучите вашиот изглед да го освежите со шишки, тогаш би требало да се одлучите за „меки“ шишки. Остро исечени шишки, баш како и строгата фризура, ќе направи вашето лице да изгледа поостро и постаро. Но со меки шишки кои нежно го заокружуваат вашето лице ќе изгледате помлади во истиот момент.
Розево руменило – Смеѓите и црвените нијанси ќе направат да изгледате постаро. Затоа многу е подобро да се одлучите за розевите нијанси кои ќе го отворат вашето лице и ќе му пружат свежина. За да изгледате посвежо, одлучете се за розево руменило со светлуцави честички кои рефлектираат светлост.
Подебели веѓи – Премногу тенки веѓи, во стил на Памела Андерсон, покрај тоа што одамна се излезени од мода, ќе направат да изгледате постаро. Малку подебели, убаво исцртани веѓи фокусот ќе го вратат на вашите очи и неколку години ќе избришат од вашето лице.
Потемнет тен – Со осум часа сон, здава исхрана и многу вода, светол тен можете да изгледате убаво. Но, тој често се поврзува со исцрпеност или одразува уморен изглед, па затоа на лицето се препорачува да му се даде малку боја. Во продавниците лесно ќе пронајдете производи за самопотемнување на лицето, па не би било лошо по некоја капка од таа крема или лосион секоја недела да ја вклучите во својата рутина на нега.
