На многумина од нас зимата и зимското сивило ни влијае депресивно. Ако сакате да си го подобрите расположението и да ја “избркате” зимата од вашиот дом одлучете се за терапија со бои. Колоритноста е одличен лек за депресијата.
Најбрз и најлесен начин е да воведете мали промени во декорацијата на домот. Започнете со вазнички, перничиња, завеси, свеќи во различни бои. Искористете го колажот и обичните рамки за слики претворете ги во ултра шарени и позитивни декорации.