Убавина

Изгледајте добро дури и кога не се чувствувате така

Време е на вируси, настинки, па затоа време е да го зајакнете имунитетот.

Но, ако тоа не ви успее следните совети веројатно ќе ви помогнат за тоа, како да изгледате добро, дури и кога не се чувствувате така:

Нанесете хранлива крема на лицето – зимно време нашето лице полесно се суши, а обоено доколку сме настинати.

Обидете се аромотерапија – различните природни мириси може да го поправат расположението и да ви помогнат да се чувствувате подобро.

Негувајте ги усните – испуканите усни го расипуваат целиот впечаток, затоа купете добар балсам.

Внимателно бирајте ги нијансите на сенките – сенките може да ви помогнат да го сокриете вашиот замор, но само ако се одлучите за вистинските бои. Изберете неутрални, ладни и бои  на ванила.

Потрудете се околу вашата фризура – масна и неуредна коса, говори многу повеќе отколку што можете да замислите.

Напиши коментар