За оние девојки кои сеуште се девојчиња во душата и кои како малечки уживале да си играат со своите омилени барбики, им предлагаме да ја погледнат Барби колекцијата на венчаници.
Оваа колекција е дело на дизајнерите од модната куќа Barbie Bridal, која своите невестински фустани ги прави во стилот на фустаните на барбиките.
Невестинските фустани кои ги нуди Barbie Bridal се навистина интересни, забавни и романтични, а на секоја невеста ќе и овозможат да изгледа како својата омилена кукла од детството.