ШоуБиз

Изгорел станот на Robert De Niro!

Актерот Robert De Niro останал без станот во Њујорк, откако апартманот изгорел во пожар кој го предизвикал самиот актер.

Според американските медиуми, станот се запалил кога De Niro ја оставил сушалната за алишта вклучена и излегол надвор. Најверојатно се работи за неисправна инсталација, која довела до пожар.

Станот се наоѓа во луксузниот дел на градот, поточно во близина на Централиот парк, а на пожарникарите им требало скоро еден саат за да го изгаснат пожарот. Како што изјавил портпаролот на локалната полиција, речиси целиот петти кат на кој се наоѓа станот на познатиот актер изгорел, а становите на катовите под и над биле исто така оштетени од чадот и водата од изгорените станови.

Напиши коментар