ШоуБиз

„Изгубен“, пијан и во затвор!

Ѕвездата од серијалот „Изгубени“, Matthew Fox (45) е уапсен поради брзо возење и тоа во пијана состојба.

Полицијата соопштила дека актерот е запрен откако еден полицаец забележал дека возачот не се движи по една иста сообраќајна трака и дека воопшто не ги почитува сообраќајните знаци.

Кога го сопреле, Fox бил видно пијан, а откако му било наредено да дува за да се оцени нивото на алкохол во неговото тело, му немало спас. Наместо во својот удобен кревет, актерот таа вечер завршил позади решетки.

Кога осамнало, актерот бил пуштен да си оди дома, но ќе мора да се појави на суд на 17-ти Јуни.

Напиши коментар