Art & Crafts

Изгубете 100 калории за 10 минути

Rетки се оние кои вежбаат со насмевка на лицето, меѓутоа кога ќе се искомбинира играта и рекреацијата се е можно… Станува збор за хула-хоп фитнесот.

„Хупањето“ не познава антиталенти.

Освен тоа што не враќа во детството „хупањето“ ни овозможува зацврстување на голем број абдоменални мускули, мускули на грбот, рацете, задникот итн. А Вие губите повеќе од 100 калории само за 10 минути.

Овој интересен фитнес не бара посебно претходно знаење, инструкторите тврдат дека овој фитнес не знае за антиталенти.

Кореографијата не се учи преку ноќ, но основите на „хупањето“ околу струкот и движењето во просторот се совладуваат веќе по првиот час вежбање а Вие забавувајќи веќе сте изгубиле 600 калории.

Се што Ви е потребно се добра волја и расположение и “хупањето” може да почне.

Напиши коментар