Убавина

Изгубете 5 килограми веднаш!

Ако сакате да ослабете и при тоа да не ги вратите брзо изгубените килограми, тогаш послушајте ги нашите совети:

Не го прескокнувајте појадокот

Истражувањата покажаа дека појадокот го забрзува метаболизмот, што овозможува забрзано горење на калориите. Сосем погрешно е кога не појадувате, така му правите шок на организмот, па тој мора да складира резерви кои резултираат со сало.

Јадете храна со различна боја

Црвена, зелена, жолта, портокалова… овие бои ги имате само кај свежото овошје и зеленчук. Јадете ги неограничено.

Наполнете ја чашата

Прескокнете ги газираните пијалоци, наполнете ја чашата со вода, незасладен чај или чаша вино навечер. Тоа ја забрзува циркулацијата, а со тоа ќе имате и зголемено топење на калориите.

Слабејте по заоѓање на сонцето

Јадете разумна количина на храна по заоѓање на сонцето. Тогаш целиот организам се успорува, немојте да претерувате со храна на која ќе и биде потребно многу повеќе време да се свари, доколку би ја јаделе во текот на денот.

Прошетка под ѕвездите

Оставете си повеќе простор за себе. Прошетка под ѕвездите секој ден по 20 минути ќе ве опушти и ќе ви ги оттргне мислите од храна.

Спијте доволно

Метаболизмот правилно ќе работи само ако му го давате она што му е потребно. Сонот е една од неопходните работи.

Напиши коментар