Актерот, продуцент и водител на доделувањето на наградите за Оскар, од неодамна е и писател. Првиот тираж на неговото прво книжевно дело е веќе распродаден.
Славниот Џејмс Франко (33) го објави првиот роман со наслов „Actors Anonymous“ кој е инспириран од неговиот живот во Холивуд.
Романот е веќе распродеден по пат на интернет сервисот Амазон. Сепак, ова не е првенец на Франко во книжевниот свет. Во јуни, минатата година тој објави и книга со кратки приказни насловена како „Palo Alto“.
