Од кога е отворена изложбата на обувки на Кристијан Лобутин во Design музејот Лондон, голем број луѓе побрзаа да ја видат, така што, за месец дена успеа да привлече 38.000 луѓе, што е досегашен рекорд во тој музеј…
Лобутин ја отвори изложбата поради 20 годишнината од неговото постоење…
„ Ми беше особена чест да си ги видам сите бебиња по прв пат на едно место. Не само поради обувките, туку и поради мене, поради оживеаните спомени и драгоцени моменти “ , рече Лобутин.
Поради големиот интерес, изложбата која дневно ја посетуваат 910 луѓе, ќе биде продолжена до 9 Јули.
















