ШоуБиз

J Lo е најмоќна личност според „Forbs“!

Списанието „Forbes“ ја прогласи Jennifer Lopez за најмоќна славна личност на светот.

Пејачката и актерка Lopez се нашла на првото место на листата на списанието, додека Oprah Winfrey е на второто, а Justin Bieber на третото место.

Lopez се нашла на првото место со заработени 52 милиони долари во изминатата година, со славата која ја стекна како пејачка, со учеството во шоуто „Американски идол“ и со својата отвореност.

Минатата година, ова место го зазеде Lady Gaga, а овој пат таа се најде на петото место.

Форбсовата листа е составена врз основа на заработката и стекнатата слава. Славата се оценува преку медиумското присуство, но и активноста на социјалните мрежи.

Еве ја и целосната листа на првите десет најмоќни:

1.Jennifer Lopez
2.Oprah Winfrey
3.Justin Bieber
4.Rihanna
5.Lady GaGa
6.Britney Spears
7.Kim Kardashian
8.Katy Perry
9.Tom Cruise
10.Steven Spielberg

Напиши коментар