ШоуБиз

J Lo како гладијаторка! :)

Со нејзиното неверојатно тело, Jennifer Lopez никогаш не се плашела да експериментира со облеката која ја носи. Овој пат, за појавувањето во шоуто „Американски идол“ пејачката одбрала малку поекцентрична и несекојдневна комбинација. Се работи за фустан во гладијаторски стил, креација на Herve Leger кој дополнително ги истакнува облините на судијката во шоуто.

Ова парче моментално се наоѓа на модните писти и е дел од колекцијата на Leger за сезоната пролет/лето 2012 година.

Во меѓувреме беше откриено дека за време на нејзината светска турнеја, која ќе се одржи ова лето, ќе биде придружувана од Enrique Iglesias. Во склоп на турнејата ќе има 60 концерти, распределени ширум целиот свет.

Write A Comment