ШоуБиз

J Lo ќе ги носи близнаците на турнеја

Фановите на Jennifer Lopez и Enrique Iglesias буквално полудеа кога дознаа дека овие латино пејачи наскоро тргнуваат на заедничка турнеја. Покрај многубројните играчи и музичари, со нив двајца на спектаклите ќе бидат и близнаците на пејачката.

–          Навистина не знам како сѐ ќе изгледа. Ова ми е прв пат да работам на нешто вакво. Ќе видиме… По секако не можам да издржам без нив многу долго и мислам дека најдобро е да бидат со мене. Ако се нервозни и немирни, можат да одат кај мојата мајка да ги чува. Кај неа на неколку дена, па потоа повторно со мене на турнеја, – изјавила J Lo.

Во нејзиниот коментар воопшто не бил спомнат Mark Anthony, па колку и да сакаат пред јавноста да изгледа дека сѐ е во ред со нив, очигледно не е така.

Напиши коментар